-->
-->
Десетици бегалци во Хамбург конвертирале од ислам во христијанство
-->
Повеќе од 80 мажи и жени од Иран и од Авганистан конверитрале од ислам во христијанство во четвортокот на масовно покрстување во Хамбург.
Пасторот Алберт Бабаџан кој што ја водел церемонијата на покрстување и кој во 2016 година покрстил 196 муслимани очекува дека до крајто на годината над 500 муслимански бегалци ќе ја сменат верата во христијанство.
- Мотивот за промена на верата е ист кај многумина, тие се разочарани од исламот, изјави Бабаџан за неделникот „Штерн“.
Дел од познавачите сепак се сомневаат дека разочараност од исламот е единствена причина за конвертирањето. Германските имиграциски власти многу полесно се одлучуваат да дадат азилантски статус на бегалците кои што ќе ја променат верата затоа што евентуалните повратници дома можат да се соочат со прогонство или убиство дококу се вратат во матичните земји.
Бабаџан ја отфрла можноста азилантскиот статус да е причина за конвертирањето затоа што тоа според него не е доволно за да се остане во Германија.
Околу 10 проценти од тие што Бабаџан ги конвертирал во христијанство се депортирани во своите матични земји. Покрај опасноста со која се соочуваат депортираните конвертираните муслимани доколку бидат депортирани тие често пати се цел на напади и во сместувалиштата за бегалци во Германија каде лани имаше десетици судири меѓу бегалците со различни религии во кои имаше десетина повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бронзени бисти одземени од Градските гробишта - Бутел
-
Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна
-
Претреси во објекти на две лица во Гостивар и гостиварско, пронајдена дрога, следува пријава | ФОТО
-
Калас: ЕУ годинава ќе и обезбеди на Украина 25 милијарди евра поддршка
-
Приведен Романец на Граничен премин Табановце, кај него била пронајдена марихуана
-
Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво, 0,2 на месечно
-
Вучиќ се сретна со новиот амбасадор на ЕКСПО 2027, Џеки Чен
-
Поскапуваат горивата