-->
-->
Десетчленото семејство од Охрид ги доби клучевите од новиот стан
-->

На десетчленото семејство Демо кое живееше во субстандардни услови, без струја и вода, во барака во Охрид денеска им беше врачено решението и клучеви од нов стан во зграда за социјално ранливи категории граѓани.
Проблемот на семејството од Охрид му беше предочен на премиерот Никола Груевски во рамки на минатонеделната посета на Охрид. Притоа, премиерот во консултација со директорот на ЈП за стопанисување со деловен и станбен простор Цветко Грозданов се информираше за начинот како да му се помогне на семејството при што беше соопштено дека во најскоро време ќе биде свикана комисија која во скратена постапка ќе му додели еден од становите наменети за социјално загрозени семејства. Премиерот тогаш беше дециден - тоа да се стори во најкус можен рок и да се забрза целата процедура околу обезбедувањето на потребната документација, така што беше ветено дека семејството до денеска ќе ги добие клучевите од новиот стан.
- Тоа што го ветивме денеска и го остваривме. Сведоци сме на доделено решение од страна на Комисијата која што заседаваше и го донесе решението за користење на станот, но и договорот што е заверен и потпишан од наша страна што како институција го склучуваме со корисникот на станот. Тој е должен да плаќа надомест - закупнина во висина од 760 денари месечна кирија. Мислам дека тоа е симболична кирија за Охрид како туристички центар, но и за стан што е нов, рече денеска Грозданов.
Од денес натаму, рече тој обраќајќи му се на семејството, имате стан, имате можност каде да живеете и каде вашето семејство ќе биде сигурно.
- Од денес натаму сте сопственик на стан на кој до крајот на вашиот живот можете да имате станарско право доколку го почитувате овој договор којшто го потпишавме денеска, рече Грозданов.
Потенцира дека и натаму ќе се прават напори во Охрид да нема семејство кое ќе биде без кров над глава. Во Охрид како туристички центар, додаде, мора сите граѓани да бидат згрижени, Охрид треба да биде препознатлив по тоа дека луѓето коишто живеат тука да бидат згрижени и да имаат нормални услови за живеење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот