-->
-->
Десет жртви во поплавите во државата Луизијана
-->

Бројката на загинатите во катастрофалните поплави во американската држава Луизијана се искачи на десет лица, пренесе ТАСС.
Од зоната на катастрофата евакуирани се над 30 000 жители, а оштетени се 40 000 домови.
Гувернерот на Луизијана Џон Едвардс оцени дека овие поплави се најкатастрофалните во историјата на државата. Минатиот петок во Луизијана беше воведена вонредна состојба.
Поради поројни дождови повеќето од реките во државата се прелееја од коритата и така дојде до поплави во голем број градови.
Американската администрација најави итно финансирање за државата погодена од големата поплава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

„За плата се бориме, не се молиме“ – ССМ на првомајски марш
-

Мицкоски: Протестот на ССМ е дел од традиционалните првомајски работнички протести
-

Ракија, скара и пивце - среќен Ден на трудот
-

Мицкоски: Во евроинтеграциите стануваме први во регионот - СДСМ: Поблиску сме до Србија отколку до Црна Гора
-

Притвор за двајца скопјани за пожарот во Еврејската зедница, ќе одговараат за тероризам
-

Започна изградбата на катната гаража во Охрид
-

Зголемен број на повици во скопската Брза помош поради временските промени
