-->
-->
Десет вида секс кои секој би требало да ги испроба
-->
Познатата актерка Мариса Голд за порталот Гламур ги одбрала десетте места за секс кои секој би требало да ги испроба, а зошто се возбудливи и посакувани, објасниле американските сексолози.
Улоги
Сите имаме фантазии. Сексолозите препорачуваат своите фантазии да ги претворите во реалност, посебно ако сте во долга врска. Тогаш сексот често станува рутина па затоа можете вашиот партнер да го замолите на една вечер да биде пожарникар или полицаец. Вие само ставете му лисици, сепак сексот со улоги е удобен бидејќи ви дозволува да спиете со други, а да не го изневерувате партнерот.
Хотел
Сексот во хотел е возбудлив бидејќи немаме често прилика да одиме на такви места па самата идеја е возбудлива. Дури и ако не можете да си дозволите хотел со повеќе ѕвездички на неколку дена, резервирајте си соба на една вечер.
Секс на јавно место
Сексот на јавно место може да биде забавен, но немојте да се впуштите во тоа ако не сте авантурустички настроени. Еден од предлозите за секс на јавно место е празниот паркинг, а ако сте доволно храбри добро место е и последниот ред во полупразното кино. Дури и да не отидете до крај, туку да одлучите да го продолжите сето тоа дома, сепак ова е одлична предигра.
Плажа
Топло сонце, море и песок. Има ли нешто поубаво и поромантично? Ако најдете мала плажа и имате среќа да нема никој таму, не ја пропуштајте приликата!
Доминација
Во сексот не е битно кој е главен, туку кој сака да биде потчинет, а кој ќе го каже главниот збор. Ако сакате да го заврзете партнерот со лисици кажете му го тоа и обратно. Договорете се една вечер тој да биде вашиот роб.
Бања
Едно од најдобрите места за секс е бањата, а кога на тоа ќе му додадете и огледало и фактот дека можете да се видите во акција, ќе биде доволно жешко и без топла купка. Доколку пак се срамите од огледало тогаш ви преостанува мирисната купка во када или под туш.
Секс за смирување
Сите знаеме дека е тенка линијата помеѓу љубовта и омразата, а откако тој ве налутил вие чувствувате потреба да му ја скинете облеката и да тргнете во акција? Е тоа е добра подлога за секс каде страстите се вжарени и има многу емоции.
Опуштен секс
Не мора секој ваш однос да биде див и набиен со страсти. Додека попладне одмарате или имате повеќе време изутрина, само соблечете се и припијте го вашето тело до неговото у уживајте.
Станете бучни
Сигурно многу пати сте имале желба да викате на цел глас додека уживате. Дозволете и на приказната сама по себе да се пишува, а вие исфрлете ги вашите емоции од себе, врескајте, гребете и удирајте.
Секс на познато место
Ако сте на излет или на патување и поминувате низ познати места, направете ги посебни и создадете откачени спомени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Поради магла шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка, пронајдени од вработен на ски-лифт
-
Најниска температура од - 1 на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, најтопло во Гевгелија со 7 степени
-
Изгоре сопственикот на куќата во вчерашниот пожар во Велес
-
Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава
-
„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски цени, инспекторите на терен
-
Избодена девојка пред ресторан во Белград
-
Маж од БиХ скршил рампа на граничен премин со Хрватска, удрил во полициска блокада па загинал
-
Едно лице загина во пукање во американска воена база во Џорџија