Десет сообраќајки вчера во Скопје, повредени 11 лица

Единаесет лица се полесно повредени во шест од евидентираните 10 сообраќајни несреќи во изминатите 24 часа во Скопје. Во четири сообраќајки е причинета само материјална штета.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден сообраќајната полиција исклучила од сообраќај двајца возачи под дејство на алкохол и четворица возачи кои поминале на црвено светло на семафор.
Затекнати се и шест нерегистрирани возила, шест лица без возачка дозвола и 29 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 70 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамки на проектот за сообраќајна култура на децата во предучилишни установи Одделението за превенција при СВР - Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во објектот „Стапалче“ во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
-

Прободеното дете во училиште во Ченто е стабилно, но се уште е на респиратор-министерката бара измени на Законот за образование
