Десет работи кои најверојатно не сте ги знаеле за Ејми Вајнхаус
Обожавателите од целиот свет на различни начини го одбележуваат роденденот на Ејми Ванхаус, која е родена на денешен ден пред точно 33 години. Пејачката почина во 2011 година, а нејзините песни и натаму се хитови.
Во текот на животот често знаеше да ја шокира јавноста и се мислеше дека за неа се знае апсолутно се, но многу интересни факти од нејзинот живот и кариера во тие години останаа непознати.
1. Во едно интервју во почетокот на кариерата Ејми рече дека не мисли оти некогаш ќе биде светски позната и дека и е мило поради тоа, затоа што психички не би можела да поднесе светска слава.
2. Брајан Адамс ја напиша песната за Ејми за да и помогне да ја надмине зависноста од дрога. Песната под наслов „Flower Grown Wild“, зборува за опасностите при конзумирањето дрога.
3. Таа беше на пластична операција на градите и усните. Причина за тоа беше и најверојатно последицата од долгогодишно конзумирање алкохол и дрогирањето.
4. Таа имаше вкупно 11 тетоважи, а прва која ја направи беше со ликот на Бети Буп на нејзиниот задник.
5. Мегахито „Rehab“ на Ејми настанал случајно, а неговите први стихови се нејзините обвинувања кон продуцентот, како и кон пријателите и родители, кои се обидувале да ја наговорат да се лекува од зависност од алкохол.
6. Ги влоши односите со Боно Вокс, додека тој ја преземаше музичката награда. Во полна сала таа му довикна да замолчи.
7. Ејми и нејзиниот поранешен сопруг Блејк имале истетовирани имиња. Кај него позади увото пишуваше „Ејми“, а кај неа покрај срцето „Блејк“.
8. Во бизарната анкета спореведена во Велика Британија во 2008 година, Ејми беше прогласена за музичар кој најверојатно ќе замине во предвремена пензија.
9. До крајот на животот нејзината омилена песна беше „So far away“ на Карол Кинг.
10. Таа почина пиејќи вотка и смеејќи се на своите спотови.
Ново на Сител
-
Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот, но нејзиниот колапс не е во интерес на Унгарија
-
Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за рамноправна, европска и правна држава, членка на Европската Унија
-
Ден на независноста – 34-годишнината се одбележува под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“
-
Автобусите на ЈСП - Скопје сообраќаат по неделен возен ред
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Трамп најави средби со европски лидери за Украина и нов разговор со Путин
-
Нови прoтести на студентите во блокaдa зaкaжани за денеска во Белград и во Нови Сад
-
Евробаскет 2025: Селекторот на Италија поднесе оставка