Македонија
22. September 2019 - 12:59

Десет правни и физички лица заработија кривична пријава за „злосторничко здружување“

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.И.(67) од село Слупчане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против ДПТУ „Хени компани“ ДООЕЛ - село Слупчане поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против В.К.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против Ш.И.(31) од село Слупчане поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, и против А.К. од Израел, АД „Алов Гевгелија“, М.С.(57) од Скопје, ДТННД „Твинс Петролеум“ село Негорци, гевгелиско, С.И.(28) од село Слупчане и ДТННДТУ „Пеак оил 2017“ - село Негорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“. Во текот на 2016, првопријавениот, како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, заедно со трето, четврто, петто, шесто, седмо, осмо, деветто и десетопријавениот формирале група и спротивно на Законот за извршување, овозможиле земјиште изнајмено на 04.09.2014 од второпријавеното правно лице за период од шест години, да премине во сопственост на осмо, односно десетопријавеното правно лице. Притоа, на 07.09.2016, третопријавената, како извршител, за наведениот имот спровела постапка за извршување од доверителот Ж.Д. од Куманово во вредност од 2.456.000 денари, при што со незаконско спроведување на извршувањето овозможила наведениот имот да биде продаден на второпријавеното правно лице за 6.525.533 денари, кој е значително помал од реалната вредност на имотот. По ова, третопријавената, на второпријавеното правно лице му повратила 3.767.525 денари, додека останатиот износ од 2.237.475 денари го задржала за себе. По поднесување на жалба за ваквото извршување, второпријавеното правно лице, како продавач, склучило договор за купопродажба на наведеното земјиште со осмопријавеното правно лице, како купувач, за 34.867.244 денари. Потоа, на 01.09.2017 осмопријавеното правно лице, како продавач, склучило договор за купопродажба на наведеното земјиште со десетопријавеното правно лице, како купувач, за 34.890.240 денари. На овој начин сопственикот го изгубил наведениот имот, а притоа бил оштетен и за неисплатената закупнина, со што му била нанесена штета од 37.166.171 денари, додека на доверителот Ж.Д. му била нанесена штета од 2.456.000 денари.