Дерик Роуз повторно мета на Лејкерси
Л.А. Лејкерс не успеаја да се договорат за услугите на бекот на Детроит Пистонс, Дерик Роуз на почетокот на годината, но според извор на НБА, во моментов има отворена врата за можен договор меѓу двата тима. Генералниот директор на тим од Источна конференција, кој сакаше да остане анонимен, ја сподели ситуацијата со можното преминување на Роуз во Лос Анџелес.
– Двете страни не сакаа да склучат зделка во јануари. Не мислам дека Лејкерси сакаа да направат сериозен потег затоа што сметаа дека ќе најдат подобра понуда преку пазарот на слободни агенти. Од друга страна, Пистонс не сакаше да се раздели со Дерик бидејќи таму беше среќен. За Лејкерс, Роуз беше споредна опција – тие би биле вклучени во потенцијален договор само доколку Клиперс, Бакс или Нагетс исто така направат чекор кон него. Имаше интерес, но тој не беше сериозен. Сега сè е поинаку – обете страни се во можност да склучат зделка, рече генералниот директор за „Heavy.com“.
Роуз, кој наполни 32 години на 4 октомври, навистина нема што повеќе да даде на организација како Детроит, која треба да влезе во режим на обновување. Минатата сезона, најмладиот освојувач на наградата МВП ја потврди својата добра игра и беше еден од лидерите на Пистонс со просек од 18,1 поен, 2,4 скока и 5,6 асистенции. Сепак, неговиот тим разочара и освои само 20 победи од 66 натпревари, а во средината на сезоната се раздели со двајцата свои најважни играчи – Реџи Џексон и Андре Драмонд.
Актуелниот договор на Роуз завршува на крајот на следната сезона, а бекот доби 7,6 милиони долари за кампањата, која започнува на почетокот на новата година. Доколку Ражон Рондо реши да не ја продолжи кариерата под водство на Френк Вогел, најверојатно повторно ќе ги видиме Дерик Роуз и Леброн Џејмс во ист тим. Двајцата играа заедно кратко во Кливленд во текот на сезоната 2017/18, но за време на трансфер пазарот во февруари, Роуз беше испратен во Џез.
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор