Македонија
30. January 2025 - 16:37

Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?

И во Треска, и покрај реката - секој фрлал ѓубре каде ќе стигне. Десната притока на Вардар е опколена со диви депонии. Невладиниот сектор алармира дека е неопходна акција за зголемување на еколошката свест кај граѓаните и нивните постапки, со оглед дека живееме еколошка криза со континуиран пад на квалитетот на водата на реките во државата.  

Инспекторите ги контролираат депониите, децидна е Лашкоска. Но, ги потсети општините да си активираат нивните механизми, и да си ги соберат малите депонии покрај Треска. 

Неодамна, Европската Унија јавно им ја сервираше реалноста на македонските институции – дека кај нас воопшто не се рециклира комуналниот отпад и покрај парите што државата ги добила за реализација на вакви проекти. Веќе го имаме законодавството, но од институциите зависи дали се почитуваат законите за работите конечно да мрднат од мртва точка.