Денови на сексуално и репродуктивно здравје и лица со попреченост во организација на ХЕРА

Со искуствена работилница за сексуалност наменета за девојки и жени со попреченост денеска започнуваат „Деновите на сексуално и репродуктивно здравје и лица со попреченост“, во организација на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и платформата за унапредување на правата на сексуално и репродуктивно здравје на лицата со попреченост.
Деновите траат до 10 ноември и имаат за цел да ги актуелизираат прашањата за правата на сексуално и репродуктивно здравје на лицата со попреченост меѓу пошироката јавност, но и да ги охрабрат лицата со попреченост да зборуваат за своите искуства и да ги (по)бараат своите сексуални и репродуктивни права.
Покрај двете искуствени работилници за сексуалност и работилницата за луѓе со интелектуална попреченост, во текот на следните три недели ќе се обезбедат и бесплатни дерматовенеролошки и гинеколошки прегледи за луѓето со попреченост во Младинскиот центар „Сакам да знам“ на Водно.
Во рамки на програмата е предвидена филмска проекција и јавна трибина, на која ќе учествуваат гинеколог, експерт за СРЗ, родител и лице со попреченост и општата јавност.
Ново на Сител
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
-

Кремљ: Американската идеја за слободна економска зона во Донбас е тешко остварлива
-

Њујорк тајмс: САД ги враќаат дипломатите во претставништвата на Блискиот Исток
-

Тригодишно девојче тешко повредено откако лифт ненадејно се отворил и затворил
-

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната сопруга, измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта
-

26-годишник од Тетово на сила одзел електричен тротинет од малолетник
-

Македонија и Косово ја продлабочуваат царинската соработка за побрза трговија и посигурни граници
