„Денови на македонскиот мед 2015“

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ на кој ќе бидат изложени пчелни производи од пчелари од цела Македонија.
Покровител на 11-тата манифестација, што ќе трае до 26 септември, е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а организатор пчеларската задруга „Матица Скопје“. Штанд ќе има Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, а претставниците на дипломатскиот кор во Македонија ќе го изберат највкусниот мед на манифестацијата.
Посетителите ќе можат да дегустираат мед, а со нив ќе се водат и отворени разговори со цел да им се доближат медот и пчелните производи: матичен млеч, полен, прополис, пчелин отров и восок, како здрава храна и да се промовира пчеларството како значајна стопанска гранка и добар бизнис.
Во Македонија постојат над 4.000 пчелари со повеќе од 80.000 пчелни семејства од кои над 150 пчелни семејства имаат 2,1 отсто, речиси 30 отсто имаат од 50 до 150 пчелни семејства, 49,4 отсто од 20 до 50, а 18,4 отсто од едно до 20 пчелни семејства. Во земјава најмногу од пчеларите, дури 83,5 отсто практикуваат стационарно пчеларење кое дава помал принос, а само 16,5 отсто селидбено пчеларење.
Од едно пчелно семејство во Македонија во просек се добиваат по 12 килограми мед годишно, а на годишно ниво се троши само по 700 грама мед по глава на жител, додека во Германија потрошувачката е 9, а во Јапонија дури 16 килограми по жител.
Ново на Сител
-

Пациентите со сложени срцеви аритмии веќе нема да мора да бидат упатувани во странство
-

Регионална конференција за е-трговија
-

Чистењето на заедничките оџаци еден од најголемите проблеми во колективните станбени објекти во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите очекуваат кадровски промени кај поразените партии но не и лидерски смени
-

Тема на денот: Анализа на изборните резултати
-

Доминација на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори: 55 градоначалници со се и тој на Скопје
-

Оставки во СДСМ по локалните избори – Филипче не се повлекува
