Денови на македонската култура во Самобор
Македонското културно друштво „Охридски бисер“ од хрватскиот град Самобор, по повод 10-годишнината од постоењето од денеска до 27 ноември организира „Денови на македонската култура“.
По тој повод вечерва во Градската библиотека Самобор ќе се одржи концерт на македонски песни и ора. Утре исто така во библиотеката ќе се одржи предавање и изложба на теракотни икони од Виница од III-IX век и народни носии. Во среда ќе биде прикажан филмот „Циганска магија“ на Столе Попов, а за македонскиот филм ќе зборува проф. Крешимир Микиќ. Планирана е и вечер посветена на македонската книжевност.
„Деновите на македонска култура“ ќе завршат во петок со дегустација на македонска храна, а во музичкиот дел ќе гостува вокалниот ансамбл Езерки.
Покровители на настанот се Советот на национални малцинства на Република Хрватска, Градска библиотека Самобор и Градс Самобор и Загрепска жупанија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток