Денови на Канада, Анета Антова-Пешева нов почесен конзул во земјава
Канада е пријател и партнер на Северна Македонија. Нашите земји ги поврзува дијаспората, преку политичката соработка, бизнис-врските и културната поврзаност, изјави амбасадорката на Канада Кати Ксаба, на одбележувањето на Националниот ден на Канада што вечерва се одржа во Скопје.
Во рамки на свеченоста во Филхармонија беше претставен и новиот почесен конзул на Канада во нашата земја – Анета Антова-Пешева.
Среќни сме, рече амбасадорката Ксаба, што преку посветеноста и напорната работа на новиот почесен конзул Анета Пешева, Канада и Северна Македонија уште повеќе ќе ги зајакнуваат меѓусебните врски.
– Наскоро, заедно ќе бидеме членки на НАТО. Тоа е исклучителен успех благодарение на вашата напорна работа. Иако Канада не е земја членка на Европската Унија, ние ја гледаме вашата иднина во ЕУ. Знаеме дека ќе бидете таму. Нема да стигнете брзо, ниту лесно, туку со истата напорна работа што го овозможи досегашниот напредок на земјата, порача Ксаба.
– Имаме многу блиски и фамилијарни врски со Канада. Канада е многу голема држава и ако бидеме вистински партнер со неа навистина ќе има големи придобивки, изјави Пешева.
На настанот присуствуваа повеќе гости од домашната и меѓународната дипломатска, политичка, културна и бизнис-заедница.
Во рамки на одбележувањето на Канадските денови во нашата земја вечерва во Камерната сала на Филхармонија концерт гудачкиот квартет „Молинари“ од Монтреал, во кој членуваат виолинистите Олга Ранзенхофен и Антоние Бареил, виолистот Фредерик Ламберт и виолончелистот Пјер-Алан Буврет.
Ново на Сител
-
Меѓународниот суд на правдата на ОН го избра судијата Јуџи Ивасава за нов претседател
-
Трговска војна во Северна Америка: Трамп воведе царини, Канада и Мексико најавуваат одговор
-
ИНРМ бара да се врши месечно отчитување на броилата
-
Француски премиер: Зеленски покажа достоинство пред притисокот од Трамп
-
Украинската Рада оцени дека мировните напори на Трамп се „клучни“
-
Тренерот на Лион нападна судија, се соочува со суспензија од седум месеци
-
Анчелоти: Имам многу почит кон Симеоне како тренер, тој е брилијантен!
-
Трудо: Канада денеска ќе воведе соодветни тарифи за американските производи