Денот на крводарителството одбележан во Струга
Струшката организација на Црвениот крст со свечена седница и доделување плакети и благодарници за најмногу дарувања крв и крводарителска акција го прослави Денот на крводарителството во Република Македонија – 17 март.
Благодарница и плакета за 50 дарувања доби Мухамед Селмани. За 25 дарувања седум лица добија благодарници, за 10 крводарувања 91 лице, а 97 крводарители добија за пет дарувања.
Секретарот на Црвен крст Струга Адуриме Даути оцени дека интересот за дарување крв, а со тоа и спасување живот во Струга и Струшко е голем. Лани, според неа, биле дарувани 2.106 крвни единици, додека во 2014 имало 1.800 друвања крв.
- Благодарност до сите крводарители за дарувањето можност да продолжи нечиј живот. Сакам да им порачам посебно на младите да даруваат крв, бидејќи со дарување крв се спасува живот, изјави Даути.
Годинава очекува поголем интерес од изминатата, кога едно лице имало над 100, односно 106 дарувања.
Краводарителите во Република Македонија имаат бенефиции утврдени со Закон, според кој, следуваат два слободни работни дена за оној што дарува крв. Оние пак, кои над 10 пати дарувале крв се ослободени од плаќање партиципација на одредени одредени здравствени услуги.
Ново на Сител
-
После 738 денови во заточеништво, ослободени израелските заложници во Газа
-
Тажна вест: Кочани загуби уште еден млад живот, почина 23-годишниот Кико во болницата во Ријека
-
На мобилен месечно се зборува по 226,57 минути
-
Малиот Лука се бори со редок тумор на мозокот - мајката Ива бара помош за спас на својот син
-
Албанија од денеска воведе забрана за употребата на електрични тротинети
-
ЈП Водовод: Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-
Изминатиот викенд приведени 13 лица за безобзирно управување на возило, 1.502 сообраќајни прекршоци
-
Почнува двонеделна „антинуклеарна“ воена вежба на НАТО