Денот на екологијата одбележан во кумановските училишта и градинки

Учениците, наставниците и родителите во сите основни и средни училишта и градинки во Куманово, денеска со еколошки акции за расчистување на просторот и посадење садници го одбележаа доаѓањето на пролетта и Денот на екологијата.
Во кумановското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ учениците активно се вклучија во расчистување на просторот и промовираа еколошко списание „Фиданка“, изработено од учениците.
- Списанието „Фиданка“ денеска излегува за прв пат, во договор сме еднаш годишно да излегува, нагласи Биљана Петковска која е еден од уредниците на списанието.
Според Петковска еко тимот има многубројни активности и меѓу нив потекнала и идејата да се направи ова списание, со што ќе се поттикнат и вклучат децата постојано да размислуваат, креираат, творат, разговараат за екологијата.
Наставниците се надеваат дека на овој начин ќе им дадат простор на учениците да творат, собираат материјали и да учествуваат во креирање на списанието.
- Во рамки на проектот интеграција за еколошка едукација во македонскиот образовен систем, нашето училиште во октомври минатата година, конкурираше за знаме и стана дел од мрежата на еко училишта низ државата. Се здоби со титула еко училишта закитено со сребрено знаме, благодарение на соработката на сите во еко тимот, изјави Даниела Стефановска, проектен координатор.
Таа додаде дека учениците со воодушевување ги прифаќаат сите активности како што се еко тимовите и патролите, работилници и дека имаат поддршка од родителите и од пошироката заедница, локалната самоуправа и јавните претпријатија „Водовод“ и “Чистота и Зеленило“.
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
