Денеска во Собранието ќе се одржат седници на три собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.
Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе дискутираат за Утврдување предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонијa по Огласот за избор на еден член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија објавен во „Службен весник на РСМ" број 27/2022 и Утврдување предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по Огласот за избор на еден член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија објавен во „Службен весник на РСМ" број 154/2022.
На дневен ред на двете седници на Комисијата за финансирање и буџет е Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година и Годишниот извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2021 година.
Пред Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, пак, за разгледување и усвојување е Информацијата за работењето на Оперативно-техничката агенција.
Ново на Сител
-
Анкета: Мнозинство Германци поддржуваат враќање на воениот рок
-
Макрон и натаму загрижен поради „Хамас“ и покрај примирјето во Газа
-
Бајден и Клинтон го пофалија Трамп за улогата во постигнувањето на прекин на огнот во Газа
-
Милевски: Кога ќе видам дека сите се разочарани по реми, тоа ми кажува дека имаме карактер и квалитет
-
Без струја дел од Аеродром и Карпош
-
Последни четири дена од изборната кампања
-
Словачкиот претседател Пелегрини во официјална посета на земјава
-
Сончево со температура до 23 степени