Денеска топло и стабилно време - Очекувајте снег на крајот од неделата
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла.
Температурата ќе се движи од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла.
Температурата ќе достигне до 20 степени.
До петок ќе преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла. Во сабота и недела ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во северозападните и западните делови, каде на повисоките планини ќе има услови за повремени врнежи од снег.
Ново на Сител
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика
-
Фридман: Македонскиот јазик е жив и здрав
-
Заштита за „Македониум“
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратениците во контрола на АНБ
-
СДСМ: Дали премиерот ќе го разреши Фетаи?
-
Oхридското езеро доведено до критична точка
-
Преглед на вестите од светот