Денеска сончево - Попладне услови за краткотраен дожд и грмежи
Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во попладневните часови повторно ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, особено повеќе во североисточниот дел на земјава. Преку денот ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 20 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 7.
Во наредните денови во претпладневните часови продолжува периодот на сончево и топло време со умерена облачност, но во попладневните часови повторно ќе има наместа локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен дожд и со грмежи.
Поизразена нестабилност се очекува в четврток попладне кога на повеќе места се очекува да има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава и на невреме со појава на град, а в петок и в сабота ќе дува умерен, наместа повремено и силен ветер од југозападен правец.
Ново на Сител
-
Мицкоски повика трагедијата во Кочани да не се користи за ситни политички поени
-
ССМ пресмета зголемена потрошувачка кошница во јули, премиерот најавува нови 5 кошници, за разни категории
-
Се реконструира гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
-
Почна најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, странците воодушевени од организацијата
-
Зајкова: Ќе лобираме кај нашите европски партнери
-
Охрид го живее шпицот на сезоната
-
Високите температури ја полнат струмичка брза помош
-
Преглед на вестите од светот