Денеска силно невреме, со пороен дожд, грмежи и ветер
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне променливо на повеќе места нестабилно, пороен дожд и грмежи, особено во североисточните делови. Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој на западот од земјата ќе се засилува.
Утринската температура ќе се движи од седум до 12 степени, а дневната од 19 до 27 степени.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне променливо на повеќе места нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој на западот од земјата ќе се засилува.
Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната до 26 степени.
Следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник и вторник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат во поголемиот дел од земјава.
Ново на Сител
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие