Денеска се тргаат клетви и се исполнуваат желби
На овој ден, се верува дека сонцето се движи назад од север кон југ, три пати застанува и заигрува.
Овој ден, исто так, е познат и како Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител. Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на Свети Јован Златоуст. А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.
Се верува дека небото на полноќ се отвора три пати, па мртвите души лесно влегуваат во рајот, а оној кој ќе ја дочека буден ќе посака три желби, тие ќе му бидат исполнети.
Во оваа ноќ може да се открие и закопаното богатство.
Во народната песна, во која се зборува за нешто што не може да биде, и во која се фрла проклетство на девојка да не се омажи, девојката на која е фрлена клетвата на овој ден треба да се помоли во црква или во манастир на Свети Јован, да запали свеќа и да остави скромен прилог на храмот. Клетвата ќе биде отстранета.
Ново на Сител
-
Загина 46-годишен маж, додека возел излетал надвор од коловозот
-
Страшевски: За убиството на Вања и Панче постојат клучни разлики во доказите и изјавите на обвинителството
-
Пет пациенти се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Не може да се прогласи човек за виновен, доколку покрај изјавата нема материјален доказ
-
Неделава променливо облачно и нестабилно време
-
Телото на папата Франциск е привремено балсамирано
-
Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија
-
Телото на папата Франциск е привремено балсамирано