Денеска се слави светецот кому Бог му дари дар на чудотворство, да исцелува болни
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 јануари.
Денеска е Преподобен Теодосиј Велики.
Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети Св. Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро околу него се собраа монаси од странски земји. Заради тоа изгради по една црква за секој јазик на кој се зборуваше во обителта, и во слава Божја истовремено служеа и се пееја на грчки, ерменски, грузиски итн. Но во денот кога се причестуваа, сите браќа се собираа во големата црква, во која се служеше на грчки. Трпезата и имотот им беа заеднички на сите, трудот и трпењето заеднички, а неретко и гладувањето. Теодосиј им беше возвишен пример за живот на сите свети монаси, пример во трудот, во молитвата, постот, бдеењето и во сите христијански добродетели. И Бог му подари дар на чудотворство, па можеше да исцелува болни, да се јавува на далечина и да помага, да умножува леб и пченица. Молитвата му беше на усните дење и ноќе. Се упокои мирно во Господ кога имаше сто и шест години, во 529 година.
Инаку, свети Теодосиј Велики се смета за основач на општожителната форма на монашкиот подвиг.
Ново на Сител
-
Возилото и три женски тела извлечени од Вардар | ВИДЕО
-
Убиството во Тетово се случило пред два дена - таткото од тогаш не го напуштил станот
-
Автомобилот и три мртви тела извлечени од Вардар
-
Д-р Јовчески за Сител: Состојбата на четиригодишното дете после сообраќајката е стабилна
-
Убиство во Тетово: Татко си го убил синот
-
Автомобил излета во Вардар на патот Рашче - Сарај, нуркачи трагаат по 4 лица
-
Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
-
Велес: Возило излетало од патот и заглавило во канал, полесно повредено едно лице