Денеска нов протест пред грчкиот парламент за договорот со Македонија
Во 16 часот по локално време, ќе се одржи нов протест пред грчкиот парламент, под мотото „Состанок со историјата“, во организација на „Комитетот за одбрана на грчкиот карактер на Македонија“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, тие ја повикуваат „цела Грција на Синтагма“ и велат: Ако не сега, кога? Ако не ние, кои?
Останува енигма дали времето во Атина ќе биде на страна на демонстрантите, со оглед на тоа дека од утрово грчката престолнина е под врнежи од дожд.
Во текот на вчерашниот ден се одржаа протести пред грчкиот парламент, утринскиот беше нешто помасовен од вечерниот, но во никој случај собирите на кои немаше над 1000 луѓе, не наликуваа на масовните демонстрации што во јануари и во февруари се одржаа во Солун и Атина.
Како што веќе објави МИА, организаторите најавуваат нов протест за утре во Преспа, за време на потпишувањето на договорот меѓу двете земји. Преку туристички агенции, организиран е автобуски превоз од многу градови во Северна Грција, а цените се од 5 до 15 евра во зависност од локацијата.
Ново на Сител
-
Не се срамев од работа, успеав на село со свој бизнис | Сања Димковска | Sitel Podcast 041
-
Тројно убиство во Србија: 22 годишник со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата
-
МЗ: Владата усвои информација за состојбата во хируршките клиники, се укажува да се замени опремата на централната компресорска станица со нова
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром