Денеска ќе биде објавен телефонскиот број на кој ќе се пријавуваат злоупотреби на службените возила
Телефонскиот број и меил адресата на која граѓаните ќе може да пријавуваат злоупотреби на службените возила за приватни цели ќе биде објавен денеска од страна на владината прес-служба, најави директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата Ивица Томовски.
Тој во изјава, дадена во општина Гази Баба, рече дека ќе се реагира до институциите чии возила биле злоупотребени по што раководителите на тие институции ќе можат да покренат постапки против лицата кои извршиле злоупотреба согласно законските и подзаконските акти.
- Денеска од страна на владината сужба ќе биде јавно објавен телефонскиот број и меил адреса кадешто граѓаните ќе можат да пријавуваат злоупотреби на службените возила. Тие можат да пратат информација до Службата за општи и заеднички работи па после тоа ние да испраќаме до сите оние институции кои го направиле тој прекршок па раководителите на тие институции ќе може да пристапат со дициплински постапки или други постапки кои прозлегуваат од закониските и подзаконските норми на државата, рече Томовски, одговарајќи на новинарски прашања.
Ново на Сител
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот