-->
-->
Денеска казнети 90 лица за брзо возење на автопатот Куманово - Скопје - Велес
-->

Денеска (30.01.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 90 возачи. Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Чучуљ: Ја поздравуваме секој иницијатива за борба против корупцијата, ќе постапуваме секаде каде има основ
-

МВР: Поведена прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме
-

ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност
-

Индија и Русија целат кон 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година
-

Иницијативата на НАТО за оружје за Украина сега има 21 членка, инвестициите достигнаа 4,18 милијарди долари
-

Бундестагот го одобри пензискиот пакет и покрај внатрешните превирања во коалицијата
-

Донесени измените на законот за градење, приклучување на новите градби на парно греење онаму каде има можности
-

Најмногу дожд во Демир Капија и Маврови Анови
