Денеска гласаат 716 лица со Ковид-19 и во самоизолација, утре 8.852 болни, немоќни и хронично болни
Општинските изборни комисии прифатиле 716 барања од лица позитивни на коронавирусот или во самоизолација за гласањето што треба да се спроведе денеска во рамки на предвремените парламентарни избори в среда на 15 јули.
До ОИК пристигнале преку 770 вакви барања, а од вкупно 80 општини во 57 ќе гласаат заболени од Ковид-19 и лица во самоизолација.
Утре ќе гласаат болните, немоќните, хронично болните, лицата во затворите, во старските домови и во домашен притвор.
Според информациите од ДИК, од пријавени 9.499 болни, немоќни и хронично болни лица во ОИК прифатени се барањата на 8.852 лица кои согласно упатството на Комисијата поднеле соодветна медицинска документација за да докажат дека имаат потреба од гласање во сопствениот дом. Гласањето утре ќе го спроведат избирачките одбори.
За споредба, на минатите избори пријавени за гласање биле само 3.540 болни и немоќни лица.
На 15 јули в среда ќе се гласа на 3.480 избирачки места во шесте изборни единици во земјата. Во 90 гласачки места има помалку од 10 гласачи кои според Законот ќе можат своето право на глас да го остварат во најблиското гласачко место. Граѓаните ќе може да се изјаснат за 1.578 кандидати на 15 партии и коалиции. Право на глас имаат 1.814.263 лица.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија