Свет
2. November 2016 - 8:48

Денеска евакуација на малолетните мигранти од бегалскиот камп во Кале

Малолетните мигранти, кои се изолирани и сместени во привремениот центар во Кале, откако тој камп беше отстранет и демонтиран, денеска ќе бидат евакуирани во други француски центри, изјави директорот на тој центар. 

Тој додаде дека малолетниците ќе бидат превезени со автобуси во центрите за малолетници во Франција и оти тие нема да бидат префрлени во Велика Британија. 

Отсранувањето на кампот, кој беше познат како „Џунгла“ е завршено во понеделникот, со уништување на последното засолниште, а шест илјади мигранти, кои тука престојуваат ќе бидат сместени во други центри ширум Франција.

Преговорите меѓу француската и британската влада за прашањето за изолираните малолетници беа тензични, а Лондон минатата недела го повика Париз да ги задржи.

Во рамки на операциата за отстранување на кампот во Кале, Франција смести 1.451 малолетник во привремениот центар во Кале меѓу 17 и 28 октомври.