-->
-->
Денеска е Свети пророк Данил и трите момчиња Ананиј, Азариј и Мисаил
-->

Сите четворица потекнуваа од Јудиното царско племе. После опустошувањето на Ерусалим од страна на вавилонскиот цар Навуходоносор беа одведени во Вавилон, заедно со голем број Евреи. За животот на пророк Даниил може да се дознае од неговата книга што се наоѓа меѓу книгите на Стариот завет. Тој го прорече времето на доаѓањето на спасителот Христос. Ананиј, Азариј и Мисаил, пак, имајќи силна вера во Бога, останаа неповредени иако беа фрлени во вжештена печка. Кога вавилонскиот цар го виде ова чудо, ги изведе од печката и им даде големи почести. Според едно предание, сите четворица доживејаа длабока старост и најпосле постра¬даа во Вавилон заради верата во едниот Бог.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
