-->
-->
Денеска е Свети маченик Созонт
-->
Созонт беше родум од Ликаонија. Беше овчар, а во верата искрен и длабок. Во неговото време во градот Помпеопол започна жесток прогон на христијаните, под надзор на киликискиот хегемон Максимијан. Во истото време Созонт појде во Помпеопол, влезе во еден незнабожечки храм каде што се наоѓаше еден златен идол, му ја откина раката и златните парчиња им ги раздаде на сиромасите. Во градот настана го¬лема тревога. А Созонт не сакаше некој друг да пострада поради него¬вото дело, па самиот отиде и му се откри на хегемонот. Овој нареди да го стават на маки. А откако претрпе се, го фрлија во оган, каде што ја предаде својата света душа на Бога. Пострада во 304 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина
-
Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен
-
На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија
-
Експресни победи на Синер и Швјонтек на Мастерс турнирот во Синсинати
-
Пораз од Романија за македонските кадетки на ЕП во Црна Гора
-
Странските криминалци осудени во Велика Британија веднаш ќе бидат депортирани
-
Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа