Македонија
15. December 2015 - 8:22

Денеска е Св. пророк Авакум

Авакум е еден од старозаветните пророци. Живеел шест века пред Христа и го прорекол падот на Ерусалим, опустошувањето на градот и храмот и вавилонското ропство на Евреите. По опустошувањето на Ерусалим, тој останал да живее во Јудеја, денешен Израел, како земјоделец. Според преданието, се упокоил во длабока старост.