Денеска е Св. маченици Адријан и Наталија
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 август.
Денеска е Св. маченици Адријан и Наталија.
Свети Адријан и Наталија потекнуваа и живееја во Никомидија. Двајцата беа од богат род. Адријан, кој беше началник во преторијата, беше незнабожец, а Наталија тајна христијанка. Пред своето мачеништво тие беа во брак само една година. Во нивно време царот Максимијан ја посети Никомидија и не пропушти можност, тука да ги прогонува христијаните. Имено, во близината на градот, во една пештера, се криеја 23 христијани. Некој ги поткажа овие на властите, а војниците ги извлекоа оттаму, ги изнамачија и ги фрлија в затвор. А Адријан, како човек со прав ум, се чудеше на нивната истрајност и преку нив и тој поверува во Распнатиот и Воскреснатиот. И не го криеше тоа, туку јавно го исповеда, поради што беше затворен. Кога слушна за тоа, Наталија дојде во затворот и тука им служеше на сите и го бодреше Адријана да истрае во сведоштвото. Набргу сите беа погубени. А после три дена, како особено приврзана гулабица, и Наталија се прибра мирно кон својот брачник.
Ново на Сител
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани
-
Со автоматска пушка влегол во казино и одзел над 5000 евра
-
Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни
-
АСО: Неоправдано е поскапувањето на полисите
-
Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
СПМ: Вториот круг претседателски избори ќе базира на резултатите од првиот