Македонија
25. јуни 2016 - 8:16

Денеска е Преподобен Онуфриј Велики

Овој светител живееше во четвртиот век. За свети Онуфриј инаку не се знаеше ништо се до пред неговата смрт. Тогаш, по Божја промисла, монахот Пафнутиј во пустината се сретна со еден чуден човек, целиот обраснат во бели влакна, со брада и коса што ја допираа земјата. Овој го повика по име, а потоа му го раскажа својот живот. Свети Онуфриј живееше во пустината во подвиг цели 60 години, хранејќи се најмногу со Божјите зборови, а и со тоа што Бог даваше да расте во пустината. На крајот Бог промисли преку монахот Пафнутиј да се дознае и зачува ова чудесно сведоштво. Свети Онуфриј се упокои следниот ден по посетата на Пафнутиј, во 400 година.