-->
-->
Денеска е Преподобен Ефтимиј Нови
-->
Роден е во 824 година во Анкира. Откако отслужил војска, се оженил и имал една ќерка, Анастасија. Подоцна се замонашил и долго време се подвизувал во Олимпските манастири, а потоа на Света Гора. Потоа едно време живеел како столпник во близината на Солун. Столпниците се посебен вид подвижници, кои обично избираат некоја возвишена карпа за да живеат таму, шибани од ветрот и дождот, поминувајќи го целото време во пост и непрекината молитва на умот и срцето, зашто единствено со помошта на Божјата благодат може да се издржи таквиот подвиг. Овој преподобен, т.е. најсличен на Бога во љубовта и смиреноста, се успокои на еден остров близу Света Гора. Неговите чудотворни мошти почиваат во Солун.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот
-
Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони
-
Нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка на бензиска пумпа во Карпош
-
Тепачка во автобус на ЈСП во Чаир
-
19-годишен прилепчанец со остар предмет повредил сограѓанин - уапсен на Табановце