Македонија
20. јуни 2016 - 16:27

Денеска е Духовденски понеделник, еве зошто не треба да се бањате во река!

Духовден секогаш се одбележува на 50 ден по Велигден и десетиот ден по Спасовден. Духови претставуваат и „роденден“ на христијанската црква, а се нарекуваат уште и Тројца, Празник на Тјоцата и Симнување на Светиот Дух врз апостолите. Во православието празникот се нарекува и Педесетница зошто се слави 50 дена по Велигден.

По значење тоа е трет празник по Велигден и Божиќ кој како и тие се слави три дена.

Според народните верувања во текот на трите дена од Духови не се прават големи прослави како свадби, крштевки и слично.

Меѓу народот раширено е верувањето дека во водата владеат некои зли сили и дека во текот на овие три дена не треба да се капи никој во река.

Трите дена се со црени букви одбележани во православниот календар и значи дека овие денови не треба да се вршат тешки физички работи како шиење и слични „женски“ работи.