-->
-->
Денеска би имала 20 години: Трагичната судбина на Милица стана симбол на страдањата на невините жртви
-->
Денеска се навршуваат 17 години од почетокот на воздушните напади на НАТО во Србија . По толку години сликите од ужасот се уште се пред очите на луѓето, а смртта на малата Милица Ракиќ стана симбол на страдањата на цивилните жртви.
Тригодишната Милица Ракиќ загинала на 17 април во 1999 година кога гелерот од распрскувачките бомби на НАТО влетал во тоалетот и го погдило девојчето во главата додека вршела нужда. Нејзиниот татко Жарко своевремено изјавил дека Милица секогаш се плашела да оди само во тоалет, но дека на тој кобен ден рекла дека може сама да оди.
Домот на семејството Ракиќ се наоѓа на шест километри од воениот аеродром во Батајнци, а нејзината слика и приказна за трагичната судбинакоја го осамна светот и стана симобол на страдањата на невините жртви во 1999 година.
- За нас времето стои. Нашта болка е иста како и на 17, април 1999 година, рекала пред неколку години нејзината мајка Душица Ракиќ.
Таткото вели дека не сакал да ја поправа куќата бидејќи сака да стои како споменик на НАТО агресијата.
- Не сакав да ја закрпам дупката и да ја поправам куќата. Нека стои како споменик на НАТО агресијата врз моето семејство, рекол нејзиниот татко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО