Денешните пријави за бомби се лажни, утврди МВР по направените проверки на терен

Министерството за внатрешни работи информира дека денешните пријави за бомби се лажни.
– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението од МВР.
На електронската адреса на четири училишта во Скопје утринава беше упатена закана за поставена експлозивна направа. Вакви пријави има во изминатиот период во дел од училиштата во главниот град кои по направените проверки е утврдено дека се лажни.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неколкупати досега има изјавено дека имаат сознанија од каде се ипратени мејловите и дека се работи за хибридна закана.
Ново на Сител
-

Отворени врати за идните средношколци
-

Обуки и развојни решенија вработените во јавниот сектор и малите и средни бизниси можат да добијат на ФЕИТ
-

Преглед на вестите од светот
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
