Денес тргнува првиот воз од Скопје за Куманово

Денеска започна сообраќајот на новата железничка линија помеѓу Скопје и Куманово. Првиот воз од Скопје тргна во 16:30 часот, а патувањето до Куманово ќе трае само 41 минута. Возот ќе сообраќа двапати дневно, во утринските часови, со полазок од Куманово во 6:30, а потоа повторно ќе се враќа назад во 16:30.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски, по денешната посета на „Железници Транспорт“, истакна дека оваа нова железничка линија ќе овозможи брзо и удобно патување, со вкупно четири возови дневно на оваа релација.
-Ќе има четири возови дневно кои ќе оперираат за 41 минута што е навистина брзо, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски по денешната посета на „Железници Транспорт”.
Во текот на денот, во одредени периоди, возот ќе сообраќа и до Бељаковце, а во иднина, по завршувањето на изградбата на пругата, патниците ќе можат да патуваат и до Крива Паланка.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
