Денес сончево и нестабилно - Од утре не очекува значителна промена на времето
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе им а изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дож и грмежи . Ќе дува умерен а долж Повардарието силен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува до околу 70 км/час.
Утринската температурата ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 21 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до силен северозападен ветер.
Утринската температура до 14степени, а дневната ќе достигне до 26 степени.
Во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и релативно свежо за овој период од годината, а во попладневните часови повторно ќе има услови нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и засилување на ветерот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт