Денес се слави Света маченичка и девица Јулија
Родум од Картагена, од прочуен род. Кога Персијанците ја покорија Картагена, многуброен народ беше одведен во ропство. Беше фатена и заробена и Света Јулија и му падна во рацете на некој трговец во Сирија. Трговецот беше незнабожец. Кога виде дека Света Јулија е христијанка, ја советуваше да се откаже од Христа и да стане едноверна со него. Јулија никако не се согласуваше со тоа. Па бидејќи беше верна и добра во служењето, трговецот ја остави и не ѝ додеваше повеќе за верата. Еднаш тој натовари кораб со стока, ја зеде со себе Јулија и тргна во далечни краишта по трговија. Кога пристигнаа на Корзика, се падна некој незнабожечки празник, а Јулија остана на коработ плачејќи од жал што многубројни луѓе живеат во глупава заблуда и не знаат за вистината. Но незнабожците некако дознаа за неа, ја извлекоа од коработ и иако нејзиниот господар им се противеше, почнаа страшно да ја мачат, ѝ ги отсекоа градите и ги фрлија на еден камен, а потоа ја распнаа на крст. Тогаш Јулија Му го предаде својот дух на Господ. Ангел Божји им ја објави нејзината смрт на монасите на блискиот остров Маргарита (или Горгона) и тие дојдоа и чесно го погребаа телото на маченичката. На гробот на Света Јулија се јавуваа многубројни чуда. Таа пострада чесно во 6 век. После многу години верните посакаа да изградат нова црква во чест на Света Јулија на едно друго место, бидејќи старата црква остаре и пропадна. Но ноќта наспроти денот кога сакаа да го положат темелот, граѓата за црквата со невидлива рака беше пренесена до старата црквичка. Во недоумение луѓето повторно ја пренесоа граѓата на новоизбраното место, но пак се случи истото: материјалот се врати на местото кај старата црква. Од ова сите разбраа дека Света Јулија не сака да ѝ ѕидаат црква на друго место, па ја срушија старата црквичка и на тоа место подигнаа нова.
Свети свештеномаченик Атиноген, епископ Севастиски во Ерменија
Живееше во еден манастир близу градот со десетмина ученици. Во времето на Диоклецијан во Севастија дојде Филомарх, лут мачител на христијаните. И ги испофаќа и уби мнозина христијани од градот. Кога тој Филомарх ги виде Атиноген и неговите ученици, му рече на Старецот да им принесат жртви на идолите за да не загинат како што пострадаа другите христијани. Атиноген му одговори: „О мачителу, тие што ги нарекуваш загинати не се загинати, туку на небото ликуваат со ангелите.“ Се памети трогателна глетка со една срна, којашто порано се хранела од рацете на Атиноген, а кога го видела во неволја, притекнала кај него и пролевала солзи. И горските ѕверови имаа повеќе сострадалност кон Христовите маченици отколку незнабожците. После тешки мачења, при коишто ангел Господов ги ублажуваше мачениците, сите беа убиени со меч: најпрво свештениците и сотрудниците на Атиноген, а потоа и самиот Атиноген. Во небесната татковина се преселија во 311 година.
Петанесет илјади Свети маченици
Убиени со меч за верата во Христа во Персија.
Свети маченик Атиноген
Составувач на вечерната песна „Светлино тивка“. За Христа убиен во оган, се удостои со вечната слава во Царството Божјо.
Спомен на шесте Вселенски Собори
Овој заеднички спомен на првите шест Собори се врши во недела, меѓу 13 и 19 јули.
Ново на Сител
-
Медински: Историската судбина на Русија и Украина е една, тоа е еден народ
-
Трамп: Не планирам да ја продолжам паузата од 90 дена за воведување на царините
-
Шест пожари за еден ден во кумановско
-
Волстрит џурнал: Руските сили ја преминаа украинската граница и напредуваат кон Суми
-
Од утре забрана за движење во шумите
-
Цените на нафтата минатата недела нагло се намалија по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран
-
Трамп: Има група многу богати луѓе кои би го купиле ТикТок
-
Нетанјаху: Војната со Иран создаде можност за враќање на заложниците од Газа