Дендиас за ситуацијата на Косово: Потребна е претпазливост и почитување на меѓународното право
Она што е потребно е претпазливост, почитување на меѓународното право и средина што ќе овозможи Белград и Приштина да разговараат за решавање на разликите, вели шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Виетнам, каде што е во посета, во изјава за грчките медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, министерот за надворешни работи на Грција ја коментираше ситуацијата на Косово, истакнувајќи дека Атина ќе стори сè што може за олеснување на процесот меѓу Белград и Приштина.
-Како што е познато, стабилноста и безбедноста во поширокиот регион е нешто што е од апсолутен интерес за грчката дипломатија. Не се сеќавам колку пати во последните две години ги посетив Приштина и Белград. Исто така, како што е познато, Грција учествува во КФОР, мировните сили на Косово.
Она што се бара е претпазливост, почитување на меѓународното право. Исто така е средина што ќе им овозможи на Белград и Приштина да разговараат и да ги решат нивните разлики. Нашата земја, како кредибилен соговорник на Балканот ќе направи сè што може за да го олесни овој процес, рече Дендиас.
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор