Дендиас: Независно од владите, договорите мора да се почитуваат
Договорите мора да се почитуваат, без разлика на Владите, а ние очекуваме целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас по средбата во Атина со шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ, јави дописничката на МИА од Атина.
-Истакнав дека ние го поддржуваме пристапниот процес на Македонија и Албанија и ќе продолжиме со нашите напори за што поскоро свикување на првата меѓувладина конференција. Секако, во однос на Македонија, го додадов она што го истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, pacta sunt servanda. Договорите мора да се почитуваат без разлика на Владите. А ние очекуваме целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа, рече Дендиас.
Говорејќи за регионот, шефот на грчката дипломатија истакна дека го повторил „цврстото противење на Грција за центрифугалните сили кои можеби ќе сакаат да ја прекројат картата на нашиот регион“.
-Тука морам да бидам искрен, директно го покренав влијанието на надворешните фактори кои со мантии како развојна помош и наводно историски, културни, религиозни традиции промовираат радикални идеологии и дестабилизирачка агенда на Балканот. Интеграција на Западен Балкан во европското семејство. Според нас овој е единствениот пат пред нив, рече министерот за надворешни работи на Грција.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
-

Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
-

Четири нови случаи со западнонилска треска во Скопје - бројката на инфицирани достигна 42-ца
-

Пожарот во Мариово се уште критичен, активни се уште 7
-

ДУИ бара предвремени избори
-

Амбасадорскиот совет: ЕУ интеграција, заштита на националните интереси и економска дипломатија
-

И годинава ќе има „училишна кошничка“: Владата ќе го спречува поскапувањето на школскиот прибор
