Дендиас: Грција доби едногласна поддршка од нејзините партнери

Грција доби едногласна поддршка од сите нејзини партнери. Важно беше што за време на неформалните разговори, бидејќи станува збор за неформален совет, кој не завршува со одлуки, постоеше јасна клима, клима што беше целосно поддржувачка за земјата, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас по завршувањето на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ (Гимних) што се одржува во Берлин.
Дендиас објасни дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика презентирал идни санкции за Турција кои ќе бидат претставени на Самитот на ЕУ на крајот на септември, доколку дотогаш нема деескалација од турска страна.
-Мислам дека грчката страна го доби она што можеше да го добие од овој состанок, истакна шефот на грчката дипломатија.
Паралелно изрази надеж дека Турција „ќе ѝ се врати на логиката, ќе прекине со прекршувањата на меѓународното право“, со што ќе се овозможи и почеток на дијалог за единствената разлика меѓу двете земји, односно за континенталниот гребен.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
