Ден на Здружената оперативна команда
Во касарната „Боро Менков“ во Куманово денеска Здружената Оперативна Команда (ЗОК), со воена свеченост ќе го одбележи денот на единицата.
На прославата предвидено е присуство и обраќање на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, а говор ќе одржи и командантот на ЗОК бригаден генерал Зоран Милески.
На прославата ќе присуствуваат и Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, државниот секретар во министерството за одбрана Драган Николиќ, генерали во АРМ, како и претставници од Министерството за одбрана и ГШ на АРМ и воени аташеи.
Со одлука на претседателот на Република Македонија, 17 октомври е определен за Ден на ЗОК, како спомен на одбележување на значајните историски настани врз коишто се темелат традициите во Армијата на Република Македонија.
На 17 октомври 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на македонското-кресненско востание кој воедно е и ден кога е кренато востанието.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје