-->
-->
Ден на високи гости во рамки на вежбата „Блесок 26“
-->

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се реализира Ден за високи гости во рамки на вежбата „Блесок 26“.
Најавено е присуство на претседателката на државата и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Предвидено е и присуство на претставник од Командата на здружени сили на НАТО во Неапол.
Во рамки на Денот за високи гости ќе се реализира тактичка вежба „Воведување на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) во офанзивни операции“.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кошаркарките на Крива Паланка на чекор до прва шампионска титула
-

Ф1: Трета последователна победа на Антонели
-

Со победата над Парма, Интер стигна до нова титула во Серија А
-

Мерц вели дека царините за автомобили на Трамп се насочени кон Европа, а не само кон Германија
-

Четириесет и шест години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Сто дваесет и три години од загинувањето на Гоце Делчев
-

Амбасадорот Сулстром неделава ќе ги посети поголемите градови низ Македонија
-

Зеленски зацрта три основни приоритети пред денешниот самит на Европската политичка заедница во Ереван
