-->
-->
Ден на Мајкрософт „Технологијата во облак го помага општеството“
-->
„Технологијата во облак го помага општеството" е насловен денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот, што ќе се одржи денеска на Скопски саем, во организација на Фондацијата Метаморфозис со поддршка на Мајкрософт.
На претставниците на граѓанскиот сектор ќе им биде овозможено да научат повеќе за можностите како да добијат софтверски донации и донација во вредност од 5000 долари на Microsoft Azure од програмата на Мајкрософт за поддршка на граѓанскиот сектор, кој во Македонија и Балканот се спроведува од страна на Фондацијата Метаморфозис, преку платформата Теchsoup Balkans.
Најавено е обраќање на генералниот менаџер на Мајкрософт Македонија Љупчо Георгиев и Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември