Демократскиот сојуз на Косово: Владата го изгуби мнозинството, партиите да одредат датум за избори

Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), оцени дека земјата се наоѓа во длабока институционална и политичка криза и ги повика политичките партии „што поитно да се состанат и да одредат датум за избори“.
Владата, според ЛДК нема мнозинство во Собранието на Косово и врз основа на демократските правила, се смета дека Косово нема оваа Влада.
- Теми значајни за граѓаните во земјата не може да се решат од страна на малцинска Влада. Како резултат на тоа, предвремени избори се неопходни. Ги повикуваме партиите што поитно да се состанат и да одредат датум за избори, на начин овие избори да бидат спроведени како што треба и граѓаните слободно да ја изразат нивната волја, се посочува во соопштението од денешната седница на Претседателството на партијата.
По одлуката на Српска листа да оди во опозиција, партиите од владината коалиција немаат мнозинство во Парламентот. Доколку се изземат нејзините девет пратеници, тогаш партиите на власт во косовскиот законодавен дом имаат 53 пратеници.
На минатогодишните предвремени парламентарни избори ЛДК на Иса Мустафа ја предводеше коалицијата ЛАА, во која освен оваа беа и партијата Алијаса за Ново Косово и Алтернатива и обезбедија 30 пратенички места. При формирањето на владата Алијансата за Ново Косово, на Беџет Пацоли, која има тројца пратеници, ја напушти изборната коалицијата и влезе во Владата на Рамуш Харадинај.
Ново на Сител
-

Собранието обоено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“
-

Пожар во близина на црквата „Свети Спас“ во Стара Чаршија
-

Русија го блокира „Снепчет“
-

Меланија Трамп: Уште седум украински деца вратени од Русија
-

После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди
-

Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов
-

Германија вети уште 100 милиони евра помош за украинскиот енергетски сектор
-

Намалена видливост поради магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево
