Македонија
20. October 2021 - 10:37

Демократски сојуз на Власите: Остануваме дел од коалицијата со СДСМ

По последните шпекулации околу стабилноста на Владината коалиција кои се само обиди за замајување на јавноста, Ве известуваме дека нашата коалиција е стабилна, Владиното мнозинство е стабилно и работи исклучиво во интерес на граѓаните. За само неколку години оваа коалиција ја врати државата на прав пат, решавајќи ги децениските прашања.

Впрочем народот не заборава како е да се живее во затворена земја и режим, а како во демократија со европска иднина. Оваа Владина коалиција и покрај сите предизвици како однадвор така и од внатре, останува цврста, обедината и сплотена во намерите да работи за напредокот на земјата и тоа и понатаму останува наша највисока цел.

Демократскиот сојуз на Власите и понатаму останува дел од оваа коалиција затоа што препознавме вредности со кои Република Македонија продолжува напред по демократскиот и европскиот пат.

 

Демократски сојуз на Власите од Македонија