Демократски сојуз: Да се забрани увоз на отпад кој се користи како гориво
Демократскиот сојуз ги повикува надлежните органи во државата наместо да го трошат времето убедувајќи ги граѓаните дека годинава воздухот е помалку загаден од лани, да преземат итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните од аерозагадувањето.
Фактот што Советот за национална безбедност ќе расправа за аерозагадувањето, потврдува дека тоа е „непријател број 1“ кој го загрозува здравјето на граѓаните.
Демократскиот сојуз смета дека доколку во подготовката и имплементацијата на Стратегијата за намалување на аерозагадувањето се вклучат експерти (никако политички манипуланти), сигурно ќе има поголеми позитивни ефекти.
Во оваа насока сугерираме да се забрани увоз на отпад кој се користи како гориво (дотогаш увозот строго да се контролира), да се забрани увоз и користење на мазут со високи концентрации на штетни материи (сулфур и др.), да се исфрли користењето на црвената нафта во сообраќајот, да се исклучуваат возилата кои испуштаат штетни гасови повисоки од утврдените стандарди на ЕУ, да се забрани користење на прегорено масло за затоплување во помалите фирми, работилници, дуќани и сл.
Истовремено, ги повикуваме надлежните органи во Министерството за заштита на животната средина и Владата да ги преиспитаат А- интегрираните еколошки дозволи кои им се доделени на големите индустриски капацитети во најзагадените градови во Македонија (Скопје, Битола, Тетово…), зашто и покрај вградувањето на филтрите овие капацитети придонесуваат за загадувањето на воздухот.
Демократскиот сојуз предлага Владата со итни дополнителни средства од буџетот или со средства од европските фондови, да интервенира и со други мерки кои даваат позитивни ефекти – замена на печките на дрва со печки на пелети, гас, инвертери и сл.
На долгорочен план, неопходна е гасификација на целата држава, исфрлање од употреба на возилата кои загадуваат, како и јакнење на свеста кај граѓаните за заштита на животната средина, за што е потребен итен план со јасни рокови и надлежности.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца