Демократски конгресмени разговарале со психијатар за менталното здравје на Трамп

Група конгресмени од Демократската партија на САД органзирале средба со психијатарка од универзитетот Јеил за да дискутираат за менталната состојба на американскиот претседател Доналд Трамп.
Докторката Бенди Ли е коавтор на книга во која група психијатри тврдат дека Трамп покажува знаци на душевна болест и дека неговиот избор за претседател на САД е опасен за државата.
- Конгресмените ми рекоа дека се загрижени од опасноста која доаѓа од претседателот и од неговата психолошка нестабилност, изјави Ли.
Демократски конгресмени бараат отповикување на Трамп по повеќе основи, обвинувајќи го за контакти со Русија и за неспособност да ја врши функцијата, но за евентуален импичмент на Трамп се потребни две третини од гласовите во Конгресот.
На средбата што била организирана со Ли, присуствувал и еден член на Сенатот од Републиканската партија, но неговото име не е соопштено во јавноста. Десетина републикански конгресмени и сенатори се гласни критичари на Трамп и се спротиставуваа на неговиот избор за претседател.
Портпаролката на Белата куќа Сара Сендерс изјави дека коментарите на докторката Ли се крајно недолични, а таа се соочи со критики и поради кршењето на правилата на американската психијатриска организација да не се даваат оценки за лица кои не биле прегледани од страна на докторот.
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
