Демократите бараат специјална истрага за врските на Трамп со Русија

Лидерот на демократите во американскиот Сенат, Чак Шумер побара спроведување независна истрага за врските на Доналд Трамп со Русија и за сите контакти на луѓето од неговиот тим со руски функционери и разузнавачи во текот на изборната кампања.
Барањето на Шумер доаѓа непосредно по изненадувачката смена на директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми во екот на истрагата што тој и неговата екипа ја водат за сите отворени прашања и сомнежи околу мешањето на Русија во претседателските избори во минатата година.
- Господине претседателе, со сета почит, но вие направивте голема грешка„ изјави Шумер реагирајќи на одлуката на Трамп за смена на Коми.
Сите сенатори од Демократската партија остро ја осудија смената на директорот на ФБИ, па Шумер смета дека сега е време еден специјален обвинител да ги преземе работите околу комплетирањето и завршувањето на истрагата, со цел таа да остане далеку од можното влијание од Белата куќа.
Демократите сега бараат Коми, сепак, да сведочи во истрагата за руското мешање во изборите во САД, иако во својство на поранешен директор на ФБИ.
Според сенаторот Марк Ворнер, ваквата постапка, кога директорот на ФБИ е сменет на барање на државниот обвинител и неговиот заменик, наликува на времето на претседателот Ричард Никсон кога аферата „Вотергејт“ ги потресуваше САД.
- Ова ми личи на „никсонизам“, изјави за Си-Ен-Ен демократскиот сенатор Боб Кејси и побара од заменик државниот обвинител да именува специјален обвинител за продлжување на истрагата околу руското мешање и врските на тимот на Трамп со Русија во текот на изборната кампања.
Белата куќа на острата реакција на демократите одговара со потсетување на осудите на Демократската партија на постапката на Коми, кога на 11 дена пред ланските избори одново покрена истрага за мејловите на Хилари Клинтон, па потоа ја затвори, на три дена пред гласањето.
Демократите меѓутоа објаснуваат дека во случајов не станува збор толку за Коми, колку за тоа дека тој е сменет од претседателот во текот на истрагата што се води против него, пред да стане претседател.
Некои медиуми во САД предупредуваат дека начинот на кој Коми е сменет од функцијата, навестува дека со тоа се настојува „нешто да се прикрие“ од јавноста.
Барањето на Шумер за специјален обвинител за случајот „Трамп-Русија“, за да помине во Конгресот мора да ја има поддршката и од мнозинските републиканци, кои засега не се изјаснуваат.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
