-->
-->
Демир Капија оди во втор круг, разликата меѓу двајцата кандидати за градоначалник 72 гласа
-->
Демир Капија оди во втор круг од локалните избори, разликата меѓу двајцата кандидати за градоначалник е 72 гласа, информираше денеска Стојна Топчиева, претседател на Општинска изборна комисија.
- Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата Лазар Петров освои 1.419 гласа, а Трајче Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери доби 1.347 гласа. Гласаа 2.868 избирачи, а излезноста беше 84.25 отсто, соопшти Топчиева.
Кога се во прашање листите за советници, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата добија 46.27 отсто од гласовите и четири советнички места, а СДСМ и коалиционите партнери 49.90 проценти и пет места за советници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош
-
Предизборен карван на СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп
-
Касами со ветувања за нови училишта, Османи за инфраструктура
-
Приведена сопругата на д-р Шаини, напаѓачот е во бегство
-
Тема на денот со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП
-
Д-р Шаини е пуштен на домашно лекување, ДУИ обвинува случајот е обид за атентат
-
Максимални три години затвор за тројцата обвинети за Вардариште
-
Претставници на „Стоп Вардариште“ на средба со институциите во МВР